Започна новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, на стартот две средби, победи запишаа  Милвоки и Голден Стејт против  Бруклин и Лос Анџелес Лејкерс.

Милвоки кој ја брани титулата стигна до победа против Бруклин со 127-104, а Адетокумбо постигна 32 поени. Дурент со  32, Милс и Харден  со 21, односно 20 поени најефикасни кај поразената екипа.

Голден Стејт беше подобар од Лејкерси со 114:121. Џејмс со 34  и Дејвис со 33 поени се истакнаа на мечот, додека Стеф Кари го запиша првиот трипл-дабл во новата сезона кај поразената екипа, реализирајќи 21 поен и по 10 асистенции и скокови.