Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Поповиќ го објави списокот од 16 играчи со кои на 5 август ќе ги стартува подготовките за Светското првенство во Кина.

Селекторот на американската репрезентација се соочи со голем број на откази од кошаркарите за настап на Мундобаскетот во Кина, па селекторот Поповиќ константно мораше да повикува нови играчи.

Сега конечно искусниот тренер има 16 играчи, меѓу кои се Харисон Барнс (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Кајл Кузма (ЛА Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Кајл Лаури (Торонто), Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Жулиус Рендл (Њујорк Никс), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Татум (Бостон), Пи-Џеј Такер (Хјустон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон), Тадеус Јанг (Чикаго) и Бам Адебајо (Мајами)

Светското првенство во Кина ќе се одржи од 31 август до 15 септември, а САД се во групата Е, заедно со Турција, Чешка и Јапонија.