Иван Волкановски потпиша тригодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром. Поранешниот член на нашата младинска репрезентација е најновото засилување за „металците“ ова лето.

„Ова е своевиден влог во иднината, со оглед што станува збор за талентиран центар кој воедно е и еден од највисоките македонски кошаркари во моментов. Тој доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.“ – соопштија од МЗТ Скопје.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 15 август а ќе ги предводи Ѓорѓи Кочов кој неодамна стави потпис на нов договор со екипата од Аеродром.