АВ Охрид на неполни две седмици од почетокот на Првата кошаркарска лига еден американец си замина, а друг пристигна. Од Охрид замина Маркус Џексон, а пристигна Шакир Смит.

Џексон во подготвителните натпревари не ги исполни очекувањата и дојде до спогодбен раскин на договорот со охридскиот клуб. „Галебите“, експресно реагираа и го доведоа Шакир Смит, кој во минатото соработуваше со моменталниот предводник на охриѓани Марјан Илиевски во Блокотехна.

Кошаркарските возбудувања во нашата земја почнуваат следниот викенд, а АВ Охрид во првото коло ќе гостува во Гевгелија против Кожув.