Пефректниот старт во новата сезона во АБА 2 лигата ги потврди апетитите на МЗТ Скопје Аеродром, сака враќање во елитата на регионалното натпреварување.

Во Скопје гостува Борац, тренерот Ѓорѓи Кочов признава дека противникот е фаворит доаѓа  но со помош на навивачите и со максимална ангажираност може да се дојде до нова победа.

„Според мене, екипата на Борац Чачак е еден од најголемите фаворити во АБА2. Го задржаа костурот од минатата сезона, плус донесоа неколку квалитетни засилувања, а играчите за тренер имаат доскорешен соиграч. Споредено со нашиот тим, гостите во мечот влегуваат како фаворити, но без разлика тоа, очекувам тврд меч во кој моите кошаркари ќе треба да го дадат својот максимум. Само тоа е начинот до евентуалната победа.“– изјави Ѓорѓи Кочов тренерот на МЗТ Скопје Аеродром.

Натпреварот од 4 коло од АБА2 лигата меѓу МЗТ Скопје и Борац кои се непоразени во досегашниот тек е закажан за вечерва од 18 часот.