Екипата предводена од Ѓорѓи Кочов денеска пред својата публика во „Јане Сандански“ ја дочекува Рогашка во натпревар од 3 коло од новата сезона во АБА 2 лигата.

„На нас е да одиграме максимално, да бидеме борбени и пожртвувани и ако го сториме тоа, тогаш ќе може да се надевам на позитивен исход.“– изјави тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

„Металците“ во дуелот со Рогашка влегуваат по победата над Кожув во воведното коло во домашното кошаркарско првенство.

Минатата сезона МЗТ Скопје Аеродром ја победи Рогашка на домашен терен со 84:70 а на гостувањето во Словенија загуби со 102:90.