Актуелниот македонски шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром и официјално ќе ја почне новата сезона, прв противник е Слобода Тузла во првото коло на АБА 2.

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов, смета дека остварените победи во подготовките не значат ништо ако тоа не се потврди онаму каде што е најважно.

„Задоволен сум од подготовките, од ден во ден напредувавме како тим. Сепак, победите во пријателските мечеви не значат ништо посебно, бидејќи официјалните дуели се секогаш нешто друго. Слобода Тузла е екипа составена од млади и талентирани кошаркари. Без разлика што ривалот вели дека ние сме фаворити, тоа ќе биде тежок натпревар“, изјави Кочов.

Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Слобода Тузла се игра вечерва од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“