МЗТ Скопје стигна до седмата победа во регионалното натпреварување откако во Белград го совлада Динамик со 92-82 во натпревар на кој победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент.

Македонскиот шампион делуваше сигурно и заслужено запиша победа со која и натаму е во конкуренција за првата позиција.

МЗТ Скопје беше подобар во три од вкупно четирите периоди на мечот а најубедливо ги реализира втората (24-29) и четвртата четвртина (18-22) за победа изразена со 10 поени разлика.

Најефикасни во составот на МЗТ Скопје беа Хиндс со 22 поени, Крстевски уфрли 21, двоцифрени беа Стојановски со 19 и Харис со 16 поени.