Американскиот кошаркар Дарингтон Хобсон официјално од денес е нов играч на Морнар од Бар.

Хобсон доаѓа од италијанската лига од тимот на Торино каде во просек постигнуваше по 12.7 поени, 5.1 скокови и 4.3 асистенции по натпревар.

31- годишниот Американец игра на позиција два и три, а исто така настапуваше во Развојната лига,во Кинескиот Шампион и во шампионатите на Израел и Грција.

Да подсетиме Морнар досега се засили со Сеад Шеховиќ, Милко Бјелица, Дерик Нидам, Брендин Рос,Дамир Маркота , Џејкоб Пулен и Мирза Бегиќ.