Регионалното кошаркарско натпреварување АБА лига од сезоната 2020/2021 године нема да има загарантиран претставник во кошаркарската Евролига одлучија акционерите на компанијата EЦА која ги има правата за најелитното натпреварување во кошарката.

Оваа одлука беше донесена во Минхен од страна на луѓето кои управуваат со кошаркарската Евролига,бијдеќи самото натпреварување ќе претрпи промени како во бројот на тимовите и системот на натпреварување.

Шампионот на АБА лигата ќе има приорите на обезбедување на вајлд карта,но прашањето ќе биде како ќе биде поделена самата карта.

Еве кои клубови ќе учествуваат:

–   11 клубови со А лиценца тоа се Барселона, Реал Мадрид, Баскониа, Фенербахче,Анадолу Ефес, Панатинаикос, Олимпијакос, ЦСКА Москва, Жалгирис и Армани Милано.

– два тима кои ќе добијат вајлд- карта на две години

– три тима ќе добијат едногодишна вајлд-карта .

– два тима кои ќе бидат шампион и вицешампион на Еврокупот.