Раководството на регионалната кошаркарска лига АБА, размислува да го одложи почетокот на наовата сезона, наместо на 19 септември, ќе започне 14 дена подоцна.

Причина е состојбата со коронавирусот во регионот, ситуацијата е неизвесна, потврда за одложувањето ќе има кон крајот на месецот.

Услови за играње на кошарка нема, патувањата се ограничени во регионот, неизбежно е одложувањето, тврдат повеќе медиуми од регионот.