Собранието на АБА лига на денешениот состанок ги потврди екипите кои ќе бидат дел од АБА2 конкуренцијата наредната сезона, а меѓу нив се наоѓаат МЗТ Скопје и Работнички.

За потсетување, судбината на „Аеродромци“ во АБА конкуренцијата зависи од Приморска чие учество во најквалитетното регионално натпреварување е неизвесно. Во случај, Приморска да не игра во АБА лига, нејзиното место треба да го завземе МЗТ Скопје.

Собранието донесе одлука дека и АБА Лигата и АБА Лига 2 ќе бидат составени од 14 клуба до сезоната 2024/25. АБА-лигата ќе започне на 23 септември 2020 до 7.април 2021 година, додека Плеј-офот треба да започне на 14. април.

Покрај македонските клубови во АБА2 конкуренцијата сигурни учесници се Горица, Хелиос Санс, Ловќен 1947 година,  Слобода Ужице, Спарс Реалвеј, Сутјеска, Широки и Златибор.