Грчката кошаркарска репрезентација ќе биде комплетна на Светското кошаркарско првенство откако најдобриот играч во НБА за изминатата сезона Јанис Адетокумбо го потврди  својот настап на кошаркарскиот Мундијал кој оваа година ќе се одржи во Кина.

„Се уште не сум зборувал со селекторот, не знам на која позиција ќе играм, но не е важно. Важно ми е само да играм за Грција“, изјави популарниот Грик Фрик.

На Мундијалот кој ќе се одржи во септември годинава, Грција е во група со Бразил, Нов Зеланд и Црна Гора.