Грчкиот интернационалец,Јанис Антетокумбо продолжува со импресивните партии и оваа сезона во НБА лигата. Тој беше прво име во победата на Милвоки Бакс на гости кај Лос Анџелес Клиперс, а зад своето име запиша 38 поени и 15 скока, учинок кој му донесе рекорд кој досега ниту еден играч пред него не го достигнал.

Имено, Гркот стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој во првите осум меча остварил 200 поени, 100 скока и 50 асистенции, бројки со кои не може да се пофали ниту еден Мајкл Џордан.

За потсетување Адетокумбо минатата сезона беше избран за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната и стигна до финалето на источната конференција каде Милвоки загуби од Торонто.