Мексиканскиот кошаркарски репрезентативец и член на шпанскиот шампион Реал Мадрид,  Густаво Ајон најави дека ќе замине од оваа екипа и најверојатно негова следна дестинација ќе биде НБА лигата.

Ајон во Реал Мадрид настапува од 2014 година и е еден од носителите на играта на шпанскиот кошаркарски шампион.

Пред да дојде во дресот на Реал Мадрид мексиканскиот кошаркар има настапувано во најдобрата лига на светот во периодот од 2011 до 2014 година за тимовите на Њу Орлеанс,Милвоки ,Орландо и Атланта.