Дебитантот во  Првата кошаркарска лига на Македонија, Академија ФМП, се засили со две нови имиња за остатокот од сезоната кои треба да ги подигран игрите и резултатите на едно повисоко ниво.

Нови играчи на тренерот Гацов се Ноа Блантон и Александер Лонг кои доаѓаат од САД. Блантон  игра на позицијата плејмејкер и уште веднаш се очекува да биде дел од стартната петорка, додека Лонг е крилен центар. Своето деби овие двајца се очекува да го имаат веќе овој викенд кога Академија ФМП ќе го дочека лидерот Работнички.

По четири одиграни кола во новиот шампионат, Академија ФМП не знае сеуште за победа и се наоѓа во опасната зона.