Четвртото големо засилување на шпанскиот кошаркарски клуб Барселона веќе е договорено.

Поранешниот играч на каталонскиот гигант Алекс Абринес по три години се врати во татковината и повторно во дресот на Барселона.

Абринес го носеше дресот на Каталонците од 2012 до 2016 година, каде одигра вкупно 255 натпревари и ја освои титулата во АЦБ лигата во 2014 година.

Договорот кој го потпишаа шпанскиот тим и кошаркарот е на две години со можност соработката да биде продолжена на уште една.Пред Барселона Абринес настапуваше  НБА тимот на Оклахома Сити Тандер.