Македонскиот кошаркарски прволигаш, КК Гостивар по низата лоши резултати одлучи да направи промена на позицијата шеф на стручниот штаб.

Марјан Србиновски од денеска не е повеќе прв тренер на екипата, а на негово место доаѓа поранешниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром и на Кожув, Александар Јончевски.

Јончевски пред повеќе од една недела ја прекина соработката со тимот од Гевгелија откако најави дека има несогласувања со правата по однос на амбициите на клубот и она што претходно било договорено.

Јончевски со КК Гостивар потпиша договор до крајот на оваа сезона со можност за продолжување на соработката за уште една година.