Раководството на КК Гостивар ја продолжи соработката со нашиот репрезентативец Александар Костоски.  Ова е уште една добра вест за екипата предводена од Марјан Србиновски кој добива на квалитет со останувањето на Костоски. Тој стави потпис на нов едноговишен договор.

Гостиварци предходно ги продолжија договорите со ветеранот Диме Тасовски, со близнаците Ренато и Роберт Димитриевски, како и со тренерот Србиновски.

Од КК Гостивар вчера потврдија дека го договирија и првото странско засилување за ова лето по ангажманот на американецот Донован Доналдсон.

ФОТО: Гостиварпрес