Македонскиот кошаркарски судија, Александар Милојевиќ вчера го отсуди последниот натпревар во својата професионална кариерата.

Милојевиќ судеше во финалето од БИБЛ лигата меѓу хапоел Холон и Академик Пловдив по што и официјално стави крај на богатата професионална кариера.

„Директорот Шaј Штрикс и раководството на Балканската лига Деласпорт му честитаат на нашиот ФИБА судија, Александар Милојевиќ за успешната кариера. Во исто време изразија и благодарност што комесарот за натпреварување на КФСМ е дел од судиското семејство на Балканската лига, уште од 2008 година. Зад Милојевиќ е една многу респектабилна судиска кариера. Своето име во Европа го градеше, меѓудругото, и со судење на два финални турнири на ФИБА, четири учества на ФИБА Евробаскет, три финални „четворки“ на Балканската лига. Од БИБЛ му посакаа многу среќа и се најдобро во неговите идни активности во кошаркарскиот свет!“ – потврдија од КФСМ.