Кошаркарскиот тренер Александар Петровиќ го продолжи договорот со кошаркарскиот клуб Куманово на уште една сезона и ќе ги предводи овој тим и во наредната 2019/20 сезона.

Кумановчани деновиве ќе го дефинирираат планот на подготовки, а потоа ќе се знае и буџетот за следната сезона на овој тим.

Од домашните играчи кои беа носители на играта минатата сезона,Игор Пенов и Адем Мекиќ се преселија во Охрид.

Планирани се нови кошаркари да го пополнат ростерот на искусниот тренер кој минатата година успеа со Куманово да обезбеди пласман во Супер лигата на македонскиот шампионат.