Македонскиот прволигаш Академија ФМП во следната натпреварувачка сезона ќе ја предводи искусниот македонски кошаркарски тренер, Александар Петровиќ.

Тој доаѓа на местото на Владимир Мирковски кој пак се договори за нов ангажман во Куманово.

„Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи подржани од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа.“ – изјави Петровиќ

Петровиќ претходно ги водеше екипите на МЗТ Скопје Аеродром, Пелистер, Куманово и Карпош Соколи а своевремено беше и на селектор на македонската јуниорска репрезентација.

„Со ангажманот на Петровиќ, клубот сака да прерасне во еден стабилен прволигаш, да биде достоен противник на сите екипи и да го задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона. Претходната сезона клубот го водеа Гацов и Мирковски, на кои им се заблагодаруваме за постигнатите резултати во клубот и им посакуваме успешна кариера.“ – информираа од ФМП Академија.