Машката кошаркарска репрезентација на 20 и 23 февруари ќе ги одигра воведните два натпревари од квалификациите за ЕП во 2021 година.

Новиот селектор Александар Тодоров ќе дебитира против Естонија, дуел кој се игра во Скопје во салата „Борис Трајковски“, а по само три дена селекцијата патува за Русија каде ќе ги одмерат силите против „Зборнаја“.

Тодоров ги избра 15.кошаркари на кои ќе смета за време на подготовките и натпреварите во февруарскиот прозорец на ФИБА.

Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција

Шејн Витингтон (Реал Бетис-Шпанија)

Стојан Ѓуроски (Евре-Франција)

Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)

Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино–Италија)

Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет–Италија)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Љубомир Младеновски (Работнички-Скопје)

Виктор Ефремоски (Работнички-Скопје)

Филип Бакоч (Еуро Никел 2005–Кавадарци)

Марко Симоновски