Одлични вести пристигнаа од Талин, нема позитивни случаи на Ковид-19 по ПЦР тестирањето во македонската машка кошаркарска репрезентација.

Ова значи дека селекторот Александар Тодоров ќе може да се води по планот кој претходного постави.

„Ќе има само еден тренинг. Закажан е за 17.15 часот во салата „Саку Сурхал“ каде од 28. до 30. ноември ќе се играат натпреварите од „Б“ квалификациската група за пласман на ЕП 2022 година. Инаку, за време на престојот во естонската престолнина, нашата најдобра селекција ќе одработи најмалку осум тренинга. Планирани се уште два, но тие се водат како незадолжителни. Согласно со распоредот на тренинзи на Тодоров, само на 26.ноември (четврток) ќе се тренира два пати. Ден порано, односно ден подоцна, постои можност, тоа да биде повторено, во зависност од потребата за тоа. Тренинзи се планирани и на денот на одигрување на средбите со Италија, односно Естонија. На 28. ноември (сабота) Македонија ќе тренира од 10.часот (од 15.30 часот ќе се игра мечот со селекцијата на Италија), додека пак на 30. ноември (понеделник), нашите кошаркари ќе тренираат од 12.часот.“ – потврдија од КФСМ.

Македонија во сабота од 20:30 ќе игра со Естонија во првиот натпревар од двата предвидени во Талин од евроквалификациите.