Македонскоот прволиваш АВ Охрид ги потврди двете најнови аквизиции. Од денеска и официјално нови членови во екипата се Игор Пенов и Војче Лефковски.

Пенов потпиша едногодишен догоговор. Нашиот поранешен терепзентативец по втор пат ќе го носи дресот на „рибарите“. Тој играше во Охрид во периодот од 2006 до 2008 година.

Лефковски по една сезона мината во Блокотехна се врати во Охрид каде од неодамна се и Данило Мијатовиќ, Марјан Младеновиќ и Адем Мекиќ како и новиот тренер Марјан Илиевски.

Подготовките за новата сезона охриѓани ќе ги започнат во втората половина од август.