НБА кошаркарот од редовите на Хјустон Рокетс Џејмс Харден нема да биде дел од американскиот „дрим-тим“ на Светското првенство во Кина.

Харден иако претходно најавуваше дека ќе биде дел од репрезентацијата на САД, сепак одлучи да не оди на Мундобаскетот во Кина како би имал повеќе време да се подготви за новата сезона во НБА лигата.

Одлуката на Харден е нов удар за селекторот на САД Грег Попоиќ бидејќи покрај Харден учеството на Мундобаскетот поради истата причина го откажа и новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис.