Центарот на Детроит, Андре Драмонд го откажа настапот на Светкото кошаркарско првенство во Кина, тој е дванаесети кошаркар кој го откажува настапот на Мундијалот.

Светското првенство во Кина се игра од 31 август до 15 септември, САДа е во група со Турска , Јапонија  и Чешка, изразит фаворит е на Мундијалот но со овие откажувања едноставно патот до златниот медал станува неизвесен.

Американците се собираат на 5. август во Лас Вегас, конечниот ростер на тимот ќе биде познат на 17. август.