Плејмејкерот на Торонто, Кајл Лаури нема да игра на Мундијалот во Кина што е нов проблем за селекцијата на САД која има многу откажувања.

Лаури беше дел од тренинг кампот на  Грег Попович, селекторот на САД се андеваше дека ќе го има на располагање но поради повреда тој нема да настапи на светското првенство.

Лаури беше член на Олимпискиот тим на САД на игрите во Бразил 2016 година каде Американците победија.

Американците на Мундијалот во Кина се во група со Турција, Чешка и Јапонија. Нивната група вкрстува со групата во која се Грција, Нов Зеланд, Бразил и Црна Гора.