Американците со сериозни проблеми пред Мундијалот во Кина кој започнува кон крајот на следниот месец. По низата откажувања, сега и Демиан Лилард и Демар Дерозан го откажаа настапот на Светското првенство.
Грег Поповиќ нема да може да смета на Лилард и Дерозан, првиот се повлекол од тимот поради замор, вториот нема желба да игра на Мундијалот, ќе се подготвува за новата сезона.
Ова е сериозен удар за тимот кој важи за прв фаворит на шампионатот, засега Поповиќ доби осум откажувања, меѓу најважните е секако Џејмс Харден.
Американците од 2010 години победија на сите Светски првенства и Олимписки игри, сега Србија која ќе игра во полн состав има големи шанси да ја загрози фаворитската улога на САД.
Be the first to write a comment.