Меѓународната кошаркарска федерација – ФИБА изврши рангирање по квалитет на селекциите кои ќе бидат дел од Светското кошаркарско првенство во Кина кое започнува на 31 август, а ќе трае до 15 септември.

На првата позиција и најголема фаворит за златниот медал е рангирана селекцијата на САД, а зад неа е Србија, трета е Грција.

Првата „петорка“, според ФИБА, ја комлетираат Шпанија на четвртата и Франција на петтата позиција.

Светската куќа на кошарката предвидува реприза на финалниот дуел од СП во Мадрид и од ОИ во Рио.

Рангирањето на шестата позиција ја става Австралија, а редоследот до крајот на најдобрата „десетка“ е Аргентина, Нигерија, Литванија и Турција.