Екипата на Анадолу Ефес која во петокот стана нов шампион на Турција, денеска го објави своето прво засилување. Бекот Толга Гечим од наредната сезона ќе го носи дресот на Ефес, со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

23-годишниот Гечим доаѓа од екипата на Банвит, чии бои ги бранеше од 2014-та година, а во сезоната која измина бележеше во просек по 8.1 поени, 3.4 асистенции и 3.2 скокови по натпревар.