Еден од најдобрите кошаркари од минатата сезона во кошаркарската Евролига Шејн Ларкин, го продолжи договорот со тускиот гигант Анадолу Ефес.

Американскиот интернационалец потпиша едногодишен договор, со алтернатива истиот да биде продолжен на уште една сезона.

На 35 меча во регуларниот дел од сезоната минатата година во Евролигата, Ларкин имаше во просек од 12,5 поени и 3,1 асистенции по натпревар.

Пред да се пресели во Турција, Ларкин настапуваше во Далас, Бостон, Бруклин, Њујорк и шпанската Басконија.