Легендераниот руски кошаркар кој е претседател на кошаркарската федерација на Русија, Андреј Кириленко пред утрешниот натпревар со Македонија го анализираше стилот на игра на нашата репрезентација и побара од неговите играчи да бидат смирени.

„Македонците на хартија можеби изгледаат послабо но тие се југословенска школа, секој знае што и како да игра. Понекогаш потсетуваат на оној европски стил на кошарка. Ова значи паметна кошарка, многу асистенции и добар шут. Многу работи ќе зависат од нас за дуелот во Перм, верувам дека публиката ќе му помогне на нашиот состав во обидот за успех.На моите играчи им е потребно време, да ја почуствуваат публиката и им препорачувам да бидам релаксирани.“ – изјави Андреј Кириленко.

Македонија утре од 16 часот ќе истрча против Русија во второто коло од квалификациите за ЕП 2021 година. Во првото коло, ние загубиувме од Естонија а Русија беше поразена од Италија.