Македонската машка кошаркарска репрезентација ги започна подготовките во „Јане Сандански“ за настапот во евроквалификациите во Талин.

Селекторот Александар Тодоров повика неколкумина исклучително млади но талентирани играчи во составот, меѓу нив е и Андреј Митревски кој игра како позајмен во Феникс.

„Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во живото. Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа морам и да ја искористам. Го одработуваме првиот тренинг, и навистина сум многу сум возбуден. Искрено е надевам дека ќе дадам се до себе на тренинзите па ќе видиме што ќе направиме понатаму.– вели Митревски.

Македонија во Талин ќе игра против Италија на 28 ноевмри и против Естонија на 30 ноември.