Кошаркаркиот клуб Ангели во следната сезона ќе биде дел „елитата“ во мак-баскетот откако денеска составот од Кисела Вода славеше и во вториот натпревар од полуфиналната серија против Чаир 2030 со 65-62.

Ангели иницијативата ја превземаа уште во првата четвртина по која имаа предност од 21-12, а добрата игра на „зелено-белите“ продолжи и до полувремето до кое составот од Кисела Вода стигна до двоцифрена предност (36-26). Ангели водеа се до почетокот на последната четвртина кога тимот од Чаир почна резултатски да се приклучува.

Чаир 2030 на крилјата на Зекири целосно се врати во мечот, имаше и водство од 60-62 на нешто помалку од 30 секунди до крајот, а херој на „зелено-белите“ е Максим Митевски кој фантастичанта сезона ја круниса и со тројка на 20 секунди до крајот со која донесе ново водство за неговиот тим.До крајот на мечот Ангели постигнаа уште еден кош , со звукот на сирената и ги поставија конечните 65-62.