Милвоки Бакс се тимот што најбрзо обезбедил место во плеј-офот во НБА историјата. Лидерот на Источната конференција и најдобар тим во лигата сезонава сега ќе се насочи да го стигне рекордот на Голден Стејт во победи, кој изнесува 72 победи и 9 порази. Милвоки досега има 48 победи и само осум порази.

Местото во разигрувањето, Милвоки го обезбеди само една седмица по Ол-стар викендот, а дури два месеци пред почетокот на плеј-офот.

Главен виновник за овој успех на Милвоки дефинитивно е Јанис Антетокунпо кој во моментов има просек од 30 поени, 13,6 скока и 5,8 асистенции и е прв кандидат за признанието МВП, награда која му припадна и минатата сезона. Најголем конкурент на Гркот во оваа категорија засега се Леброн Џејмс и Каваи Ленард.