Претседателот на КФСМ и некогашен кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ овие денови е во Белград.

Антиќ беше гостин на кампот на неговиот голем пријател и некогашен соиграч Богдан Богдановиќ, кој се одржува во главниот град на Србија.

Двајцата заедно играа во дресот на турски Фенербахче во периодот кога турскиот тим го освои пехарот во кошаркарската Евролига.

Фотографијата ја објави токму Антиќ на својот Инстаграм профил.