Генералниот координатор на Турската кошаркарска федерација, Омер Онан се покажа како добар домаќин на КФСМ.

Остварен беше работен состанок на кој Македонија ја претставуваа претседателот на КФСМ, Перо Антиќ и спортскиот директор, Тодор Гечевски.

„Ова е само продолжение на соработката која ја имаме со турската федерација поставена на највисоко ниво. Разговаравме за унапредување на веќе постоечките заеднички проекти кои ги имаме со нашите пријатели од Турција, како и реализација на некои нови идеи поврзани за уште поголема зближеност помеѓу двете федерации“.– изјави претседателот Антиќ по посетата на турската „Куќа на кошарката“ во Истанбул за сајтот на КФСМ.