Кошаркарската федерација на Македонија на чело со првиот човек Перо Антиќ, генералниот секретар Влатко Георгиевски и спортскиот директор, по подолго време излегоа на прес конференција пред новинарите. Тема на пресот беше неуспехот во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Антиќ и неговите соработници не планираат да поднесуваат оставки за неуспехот, вели не можеле да влезат во теренот. Претседателот на КФМ вели резултатот зависи од играчите, а тие како федерација ги обезбедиле сите услови за кошаркарите де бележат успеси.

„Не размислувам за оставка. Резултатот останува на играчите, не може да влеземе на терен да играме место нив“– изјави Антиќ, кој сепак не го криеше разочарувањето од неуспехот.

Околу тоа дали ќе остане Александар Тодоров селектор говореше Тодор Гечевски, кој вели дека се уште не се знае дали ќе остане истиот селектор.

„Нема конкретен став, извештајот не е доставен. Откако ќе го достави извештај, ќе свикаме стручен совет, по што ќе биде одлучено дали ќе се продолжи договорот“– изјави Тодор Гечевски.

Гечевски најави дека ќе се продолжело на работа со младите кошаркари.

„И кај нас се поделени чувствата со овие квалификации. Дека мечот со Естонија излезе дека е клучен за овие квалификации, иако во Русија момците покажаа карактер, тимската игра, јас сум горд против нив. Само против Русија не бевме блиску до победата, најверојатно неискуството и невоиграноста беа пресудни да не се пласираме. Останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари за нашите тренери, во претквалификации за СП да се покажеме во подобро светло“– изјави Тодор Гечевски.

На оваа прес конференција преку видео врска се приклучи селекторот Александар Тодоров, на кого договорот со федерацијата му истече, па останува непознато дали ќе биде и понатаму селектор или не.