Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ во интервју за официјалниот сајт на федерацијата ги образложи сите досега преземени чекори и проговори за идините планови.

Состојбата со спортот во целина поради Ковид-19 е комплексна и сите сме во очекуваање на стабилизација и победа над пандемијата.

Федерацијата ја преземавме во многу лоша состојба, но тоа беше уште поголем предизвик и за мене и за соработниците. Повеќе од 80% од планираната програма е завршена, останаа уште некои работи кои моравме да ги запреме или блокираме поради пандемијата со корона вирусот. Се што имаме ќе презентираме на годишното Собрание кога ќе имаме можност да го организираме. Сега тоа не е можно, забранети се собири во затворен простор, па ќе почекаме некои подобри времиња за да дадеме отчет за сработеното во првата година од мандатот. – вели првиот човек на федерацијата.

Сезоната во домашното кошаркарско првенство беше прекината.

МЗТ Скопје ги има сите бенефиции како да ја освоил титулата, иако првенството не е ни 50% одиграно, ни според натпреварите, ни според периодот на играње. Не се поминати седум, туку речиси четири месеци и 17 кола. Прво сакаа да се добие шампион надвор од терен, па кога не добија поддршка, предложија да се доигра остатокот од сезоната. Тоа не е возможно бидејќи странските кошаркари не се во земјава и не постојат услови да се вратат. Побараа да се воведе дополнителен преоден рок, но тоа не беше возможно, токму бидејќи сите сме еднакви и не може правилата да се менуваат на кого како ќе му текне.– објаснува Антиќ.

Целото интервју на Антиќ за сајтот на КФСМ можете да го прочитате ТУКА.