МЗТ Скопје има реални шанси следната сезона да игра во АБА лига, а во случај на такво нешто во второто по ранг натпреварување на Балканот, АБА лига 2, учество може да обезбедат Работнички и Гостивар.

Ова се екипите кои пред прекинот на сезоната беа на втората и третата позиција од табелата со идентичен борј на бодови.

„Сметам дека учеството на овие две екипи во АБА 2 би било одлично. Работнички е бренд во македонската кошарка, а Гостивар заслужува поради сите вложувања и успеси последните години, како и поради публиката која на секој натпревар ја има во голем број“- појасни претседателот на КФСМ, Перо Антиќ за „basketball.mk.“

Од Работнички уште нема никаква официјална реакција на можноста да се игра во АБА 2, додека Гостивар веќе изрази желба да се натпреварува во оваа лига.