Кошаркарската репрезентација на Аргентина е последниот патник во четвртфиналето на ЛОИ во Токио, откако ја совлада Јапонија со 97:77.

Луис Скола мечот го заврши со 23 поени и 10 скокови а Факундо Кампацо имаше 17 поени, 11 асистенции и 7 скокови.

Актуелниот светски вицепрвак утре ќе го дознае противникот во првата нокаут рунда на кошаркарскиот турнир во машка конкуренција.

Во четвртфиналето уште ќе играат и Шпанија, САД, Австралија, Франција, Словенија, Германија и Италија.