Четити месеци по смртта на Коби Брајант, нови детали и се познати на јавноста по аутопсијата извршена врз легендарниот кошаркар.

Според наодите од аутопсијата, Коби Брајант и останатите патници починале веднаш по падот на хеликоптеорт.

„Утврдени се катастрофални повреди на мозокот и 30% изгореници на телото, повредите што ги здобиле по падот на хеликоптерот биле фатални веднаш при ударот“ – изјави Хуан Карилјо, заменик патологот одговорен за случајот.

Потврдено е дека пилотот кој го управувал хеликоптерот бил негативен на стимулативни средства, алкохол и дрога.