Кошаркарската репрезентацијата на Австралија ќе биде значително ослабена на Светското првенство во Кина, бидејќи ќе настапи без својата најголема НБА ѕвезда кошаркарот на Филаделфија Бен Симонс.

Играчот преку својот агент ја соопшти одлуката со образложение дека сака да одмори и максимално да се подготви за следната НБА сезона во Филаделфија.

Симонс во дресот на НБА тимот во минатата сезона имаше просек од 16,9 поени, 8,8 скока и 7,7 асистенции по натпревар.

Австралија на СП во Кина ќе биде дел од  групата Х каде уште се Канада, Сенегал и Литванија.