Репрезентацијата на Австралија го соопшти список на играчи на кои ќе смета за Светското првенство во Кина.

Селекторот Андреј Леманис пред два дена дозна дека нема да може да смета на Џон Болден, па мораше да повика замена.

Арон Бејнс, Ендру Богут, Метју Делаведов, Камерон Глидон, Крис Голдинг, Џо Инглс, Ник Кеј, Џон Лендејл, Пети Милс, Нејт Соби и Дејви Берлоу се играчите со кои ќе настапи Австралија на СП.

Австралија ќе игра во група во Литванија, Канада и Сенегал која се смета за најсилната група во првенството.