Македонија – Црна Гора (1:1) во меѓусебниот биланс по двете одиграни контролни средби во СЦ „Јане Сандански“ во изминатите три дена. Особено задоволни ги прави луѓето од стручниот штаб на нашата најдобра селекција успехот на вториот одигран натпревар во Скопје, во кој стигнавме до победата (65:58)

„Морам да истакнам дека во недостиг на одигрување на контролни натпревари, овие две проверки против репрезентацијата на Црна Гора ни се како добредојдени. Она што во подготовката за овој втор меч им го реков на играчите, а тоа е дека нивото на агресивноста во одбраната мора да го држиме високо низ целиот тек на натпреварот, да бидеме сконцентрирани на задачите за кои се договоривме, и да се обидеме да го сведеме бројот на загубени топки на минимум, го реализиравме. Можам да бидам задоволен со поголем дел од реализираното. Но сметам дека имаме уште поголем простор за напредок во играта“– вели предводникот на нашата најдобра селекција по успешната проверка против Црна Гора.

Селекторот потенцира уште едне, исто така важен сегмент.

„Морам да ја истакнам сјајната атмосфера во тимот, и односот на играчите спрема дресот кој го носат. Како на натпреварите, така и на тренинзите. Како тренер сум многу среќен поради тоа и сметам дека само со еден таков однос ќе дојдеме до целта која што си ја поставивме пред себе“– заклучува Бајиќ.