Вечерва во Киев, македонската сениорска репрезентација ќе го игра вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.

Двете селекции го дочекуваат вечерашниот меч во „Палатата на спортовите“ во Киев (18 часот)  со стартни порази во квалификациите.

Ние загубивме на домашен терен од актуелниот бранител на светската круна, селекцијата на Шпанија (65:94), Украина пак загуби на гостувањето во Тбилиси, каде Грузија беше подобра (88:83).

Селекторот на нашиот национален тим, Драган Бајиќ е приморан во Киев да ги изведе оние 12. кошаркари на кои сметаше и за средбата во петок навечер против „црвената фурија“.

„Украина играше со Грузија и пружи добар отпор. Имаат одличен ростер и доста искусен тренер. Треба да се одмориме колку што можеме и да се подготвиме за натпреварот во понеделник. Сигурно е дека далечното патување ни создава и дополнителни проблеми, затоа што времето за анализа и подготовка ќе биде навистина кратко. Искрено, сите наши подготовки беа за средбата со Шпанија. Па во овој простор кој е пред нас ќе се бидеме да направиме целосна анализа за она што следува, дуелот со Украина. Како и да е, тука сме со намера да пружиме некој наш максимум и со амбиции, со намера да пробаме да го добиеме овој натпревар. Со уверение дека од натпревар во натпревар овој тим ќе расте и ќе расте. Атмосферата во екипата е навистина добра. Работам со доста карактерни момци, и навистина сум задоволен. И уживам во работата поради која сум овде“– вели Бајиќ пред вториот натпревар од квалификациите за СК 2023.

Во вториот меч од оваа група, од 20.30 часот, во Хуен, Шпанија ја пречекува селекцијата на Шпанија. Една од нив ќе го заврши ноемврискиот ФИБА „прозорец“ со максимален ефект.