Македонија загуби здив во второто полувреме на гостувањето кај Украина, загуби со 78:61 во квалификациите за СП.

„Честитки за Украина за победата. Морам да ги пофалам момците за првото полувреме кога е во прашање. Имавме краток период на подготовка за овој меч. Ги испочитувавме работите за кои се договоривме во поголемиот дел од мечот. Влеговме во дуелот со еден спор ритам. Не дозволивме Украина да се разигра, менувавме одбрана, имавме контрола на играта, го држевме и скокот под контрола, немавме грешки. – изјави селекторот на Македонија, Драган Бајиќ.

Проблематична беше играта во одбрана во последниот период додека во нападот ништо не ни одеше од рака во второто полувреме.

„Но во вториот дел снемавме енергија. Можеби напорниот пат си го направи своето. Така ја загубивме концентрацијата и се распадна се што градевме претходно. Фокусот и концентрацијата на крајот одлучија за конечниот резултат. Шпанија и Украина беа доста тешки натпревари за нас. Мора да одиме понатаму, има уште натпревари да се играат и во февруари се надевам дека ќе бидеме комплетни. Ни недостасуваат пет играчи, тоа е многу и ни прави проблем во подготовката на натпреварите“- објасни Бајиќ.