• Кошаркарите на Реал Мадрид го освоија Суперкупот на Шпанија.

Реал Мадрид во финалето ја совлада Барселона со 88:83.

Барселона одигра многу лоша четврта четвртина, падна  и загуби 19 разлика.

Екипата на Шарунас Јасикевичиус го контролираше првото полувреме – имаа предност од шест поени на големата пауза.

Во третата четвртина стигнаа до двоцифрена предност и во еден момент дури имаа и +19.

На крајот од третиот период беше +16 за тимот на Барселона.

И тогаш во четвртата четвртина – распад систем.

Реал дојде на само минус еден со серија од 10: 0 на пет минути до крајот, Барса повторно отиде на +3, па Реал израмни со тројка на 81:81.

Оттогаш постигнаа само уште еден кош, а Реал се сврте и стигна до победата. Дејвис промаши тројка за да израмни на седум секунди до крајот.

До триумфот ги предводеше Серхио Љуj со 24 поени, додека Поарие постигна 16 поени и 11 скока.

Хигинс, пак, постигна 16, Дејвис 13, Миротиќ 12.