Барселона дефинитивно подготвува супер-тим за наредната сезона, а според последните шпекулации, каталонците се заинтересирани да го вратат и По Гасол.

Освојувачот на две НБА титули со ЛА Лејкерс (2009, 2010) настапуваше за Барселона од 1998 до 2001 година, а се очекува каталонскиот клуб да му понуди „богат“ договор за враќање на Гасол во Шпанија.

Гасол во моментов се опоравува од повреда поради која порано ја заврши сезоната во Милвоки и очекува нова НБА понуда, но враќањето во Барселона не е невозможно.

Барселона летово веќе ги доведе Кори Хигинс од ЦСКА, кој беше најдобар играч на последниот фајнал-фор турнир во Евролигата, како и центарот Брендон Дејвис од Жалгирис.

За Барселона потпиша и Алекс Абрињес, на кого му истече договорот со Оклахома, а во наредните три сезони ќе настапува за Блауграна.